Заев: Мандатот за Влада треба нам да ни се даде

30.01.2017 15:14

Очекувам Иванов да ми го додели мандатот, откако вчеравечер ВМРО-ДПМНЕ не успеа да состави Влада, изјави Заев...

Очекувам Иванов да ми го додели мандатот, откако вчеравечер ВМРО-ДПМНЕ не успеа да состави Влада, изјави на денешната конференција за новинарите лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Демократските процеси се почнати, тврди Заев.

„Се докажа дека Груевски го нема потребното мнозинство за да формира Влада.  ВМРО-ДПМНЕ синоќа на полноќ и официјално ја изгуби можноста да формира Влада. Македонија нема време за губење. Демократските процеси се почнати, така одлучија над 612.000 граѓани од сите етнички заедници и Македонија мора да оди напред. Очекувам Ѓорге Иванов да ми го додели мандатот за формирање нова Влада на Република Македонија! Сите поинакви опции ќе значат кршење на Уставот и злоупотреба на функцијата“, изјави Заев.