Птичји грип кај живина во Струшко

30.01.2017 16:27

Птичји грип во Македонија. Во селото Мороишта, Струшко, е констатирано присуство на високозаразната болест, опасна по живината. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека на жариштето е направена комплетна дезинфеција. Нема ризик по здравјето на луѓето.

Регистриран е првиот случај на птичји грип во земјава. Лабораториски е потврден во струшкото село мороишта. Од жариштето е уништена и отстранета живината, направена е дезинфекција. Ќе се уништува и преостанатата живина во селото, тимови од агенцијата за храна и ветеринарство се на терен.

„Секоја живина што ќе биде угината ќе биде обештетена. Веднаш ќе се прават записници и ќе се пополнува барањето за штета. Апелираме за максимална кооператиувност од локалното население бидејќи се работи за вирус што многу брзо се шири кај живината и може да направи огромни економски штети“, изјави Зоран Поповски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Вирусот е смртоносен за живината, но не е закана по здравјето на луѓето - објаснуваат од агенцијата за храна и ветеринарство. Птичјиот грип кај живината предизвикува висока смртност и пад на носивоста. Според професорот од факултетот за ветеринарна медицина додоски, добро е што е откриен кај селска живина, очекува брзо справување со ситуацијата

„Во ова жариште конкретно од каде е дојден вирусот, ќе ни требаат поопсежни лабараториски анализи, но имајќи ја предвид епидемиолошката ситуација која владее во регионот и пошироко, мошне е веројатно дека тоа се дивите птици. Уште повеќе, ова жариште е во близина на условно речено, ризична област за птичји грип, тоа е Охридското Езеро“, изјави проф. Александар Додовски - Факултет за ветеринарна медицина.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека има забрани за увоз на живина од сите земји каде што е појавен вирусот, но тие се однесуваат на региони, а не на цели држави.

 

Андријана Атанасовска