Старџен со ултиматум до Меј за Брегзит
31.01.2017 10:14
Старџен изрази незадоволство поради бавното одвивање на процедурата за Брегзит кој се случи пред повеќе од 6 месеци.

Шкотската премиерка Никола Старџен и даде двомесечен ултиматум на британската колешка Тереза Меј да го договори излегувањето на Обединетото Кралство од Европската Унија и најави нов референдум за независноста на Шкотска.
Старџен изрази незадоволство поради бавното одвивање на процедурата за Брегзит кој се случи пред повеќе од 6 месеци.
На контроверзниот референдум за независност во 2014 година, мнозинството граѓани гласаа Шкотска да остане во Обединетото Кралство.
Но, по изгласаниот Брегзит, Старџен смета дека тоа не е веќе земјата во којашто Шкотите претходно решиле да останат.
