Иванов ги почнува консултациите- денеска средба со претседателот на Уставниот суд
Од Кабинетот на претседателот претходно информираа дека по добивање официјално известување од Собранието дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова влада, шефот на државата ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии.

Генералниот секретар на Собранието испратил допис до Кабинетот на претседателот Иванов во кој информира дека до Парламентот до уставниот рок не се доставени програма и предлог за составување нова влада од мандатарот Никола Груевски.
Од Кабинетот на претседателот претходно информираа дека по добивање официјално известување од Собранието дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова влада, шефот на државата ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии.
Според најавите претседателот Иванов денеска ќе оствари средба со претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски.
