Продолжена забраната за работа на „Југохром“ за дополнителни 90 дена
Синдикалната организација на Комбинатот најави протест и блокада на регионалниот пат Скопје-Тетово кај наплатната рампа кај Желино, од 11 до 13 часот во двата правца. Протестот е против, како што велат, неоправданото исклучување на печките во Комбинатот.

Уште три месеци забрана за работа на „Југохром“. Државниот инспекторат за животна средина, согласно Законот за животна средина, донесе Решение за продолжување на забраната за работа на комбинатот Југохром за дополнителни 90 дена.
Одлуката, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, е донесена по извршениот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина при што е констатирано дека комбинатот Југохром не ги исполнил активностите предвидени во Оперативниот план, меѓу кои се предвидува и поставување на системот за отпрашување.
Синдикалната организација на Комбинатот најави протест и блокада на регионалниот пат Скопје-Тетово кај наплатната рампа кај Желино, од 11 до 13 часот во двата правца. Протестот е против, како што велат, неоправданото исклучување на печките во Комбинатот.
Лани на 2-ри ноември „Југохром“ постапи по одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, кој донесе решение комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците.
Менаџментот на „Југохром“ најави отпуштање на дел од вработените идниот месец.
