И денеска прекин на сообраќајот на преминот Евзони

31.01.2017 10:37

Македонските гранични служби се во постојан контакт со грчките колеги, но од таму нема информација кога ќе заврши блокадата бидејќи грчкиот Синдикат на земјоделците сѐ уште не се изјаснил.

Сообраќајот на граничниот премин Евзони- Богородоца, на Македонско- грчката граница и денеска е во прекин во двата правца и за патнички и за моторни возила поради штрајкот на грчки земјоделци.

Границата може да се помине само пеш. Македонските гранични служби се во постојан контакт со грчките колеги, но од таму нема информација кога ќе заврши блокадата бидејќи грчкиот Синдикат на земјоделците сѐ уште не се изјаснил.

За влез во Грција возачите можат да ги користат граничните премини Дојран и Меџитлија.