„Трудна приказна“ премиерно во Театар Комедија

31.01.2017 10:41

Во претставата играат Јелена Жугиќ, Елизабета Стефановска, Ева Скендеровска, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски-Тино, Атанас Атанасовски, Жарко Димоски, Иле Илиоски, Столе Мицов и Едмонд Сотир.

Театар Комедија вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Трудна приказна“ по текст на Благица Секулоска, а во режија на Лидија Дедовиќ од Црна Гора.

Во претставата играат Јелена Жугиќ, Елизабета Стефановска, Ева Скендеровска, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски-Тино, Атанас Атанасовски, Жарко Димоски, Иле Илиоски, Столе Мицов и Едмонд Сотир.

Костимографијата е на Марта Дојчиновска, музиката на Димитар Андоновски, а сценографијата на Милан Несторов, Сергеј Светозарев и Лидија Дедовиќ.

Според авторот на текстот и драматург на Театар Комедија, Благица Секулоска „Трудна приказна“ е препрочитување на традицијата и на македонската драматургија.