СЈО: Отежната соработка со Основниот суд Скопје 1
На 20-ти јануари на дежурниот судија при одделението за организиран криминал и корупција се поднесени неколку барања за издавање наредби за претреси за различни предистражни и истражни постапки што ги спроведува СЈО, стои во дописот...

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека продолжува отежнатата соработка со скопскиот Кривичен суд. На 20-ти јануари на дежурниот судија при одделението за организиран криминал и корупција се поднесени неколку барања за издавање наредби за претреси за различни предистражни и истражни постапки што ги спроведува СЈО, стои во дописот.
Во прилог на барањата биле доставени докази и разговори од незаконското следење на комуникациите од кои произлегува надлежноста на Јавното обвинителство. Од непознати причини, велат од СЈО, дежурниот судија бил заменет, а барањата доделени на други судии на постапување.
Дополнително, одлуките за барањата се донесени по истекот на законските рокови, со што постапката се одолговлекувала и се оневозможувала итност во постапувањето, стои во соопштението.
Од СЈО додаваат дека сите останати барања за издавање на наредби за претрес, кои се однесуваа на сегашни и поранешни високи функционери, се одбиени.
