Инклузивно образование

06.02.2014 12:51

Инклузивниот систем на образование ја зголемува достапноста на образованието за секое дете, а истовремено создава услови за квалитетно образование кое ќе одговара на потребите и способностите на секој ученик. Ова е заклучокот од конференцијата за инклузивно стручно образование во Македонија во организација на Британски совет, а во соработка со Ценарот за стручно образование и обука и министерството за образование и наука.

Со цел спроведување на Стратегијата за стручно образование и обука 2013 – 2020 година на Македонија, Британскиот совет потпиша меморандум за соработка со Министерството за образование и наука на Македонија и со Центарот за стручно образование и обука со кој се поддржува спроведувањето на две компоненти. Поддршка за релевантно стручно образование и обука за потребите на пазарот на трудот и поддршка за инклузивно стручно образование во Република Македонија.