Вонредна седница за Иран во Советот за безбедност на ОН
31.01.2017 11:04
По иницијатива на САД, Советот за безбедност на ОН ќе го разгледа тестирањето на балистичката ракета од страна на Иран.

Советот за безбедност на Обединетите нации на вонредно заседание по иницијатива на САД ќе го разгледа тестирањето на балистичката ракета од страна на Иран.
Пробното лансирање на ракетата со среден дострел било извршено 225 километри источно од Техеран.
Според резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН од 20 јули 2015 година, Иран има забрана за вакви тестирања.
