„Фридом хаус“: Македонија делумно слободна земја

31.01.2017 11:48

Во извештајот е наведено дека на Балканот е влошена состојбата со фер изборни процеси и со владеењето на правото, а Европската унија ја занемарила својата улога во промовирањето на демократијата кај оние држави кои се посакуваат да станат земји- членки на ЕУ.

„Фридом хаус“ го објави извештајот Слободите во светот во 2017-та година. Македонија се наоѓа на 57 место, во групата делумно слободни земји. Просечната оценка ни е 3,5 на скалата од 7.

Во извештајот е наведено дека на Балканот е влошена состојбата со фер изборни процеси и со владеењето на правото, а Европската унија ја занемарила својата улога во промовирањето на демократијата кај оние држави кои се посакуваат да станат земји- членки на ЕУ.

Проблеми има и во Европа, како резултат на внатрешните тензии, надворешните притисоци, односите со Русија, мигрантската криза. Со победата на Доналд Трамп, и САД покажаа дека не се имуни на популизмот- се вели во извештајот.

Општ заклучок е дека 2016-та била 11-та година по ред како се намалуваат глобалните слободи, а растат популистичките и националистичките движења во демократските држави.

Од 195 земји- 45 проценти се слободни, 30 делумно слободни и 25 проценти не се слободни.