Во прекин сообраќајот Скопје- Тетово поради протест на вработени од „Југохром“
31.01.2017 12:03
Протестот е против, како што велат, неоправданото исклучување на печките во Комбинатот. Менаџментот на „Југохром“ најави отпуштање на дел од вработените идниот месец.

Уште три месеци забрана за работа на комбинатот „Југохром“. Синдикалците на протест и двочасовна блокада на регионалниот пат Скопје-Тетово кај наплатната рампа кај Желино.
Протестот е против, како што велат, неоправданото исклучување на печките во Комбинатот.
Менаџментот на „Југохром“ најави отпуштање на дел од вработените идниот месец.
Од Синдикатот велат дека и покрај затворањето на фабриката, Тетово и натаму е меѓу најзагадените градови.
