Гарет: Посветено да се работи на составување нова Влада
31.01.2017 12:28
Британскиот амбасадор во земјава очекува идната влада да биде целосно посветена на реформите...

Мора посветено да се работи на составување нова Влада, вели британскиот амбасадор Чарлс Гарет. Очекуваме, како што додаде, владата да биде целосно посветена на реформите.
„Многу работи зависат од состаноците и од разговорите што се одржуваат, ситуацијата сѐ уште не е решена, ги имаме резултатите од декемвриските избори и сега е важно сите политички партии да направат се што можат, да ги истражат сите можности за составување влада, која ќе може да продолжи да ги спроведува реформите откако ќе биде формирана“, нагласи амбасадорот Гарет.
