Ципрас на средби со државниот врв во Белград

31.01.2017 12:33

Во агендата се опфатени средби со државниот врв и учество на бизнис-форум. Ова е прва посета по седум години кога Ципрас беше во Србија како лидер на Сириза.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е во дводневна официјална посета на Србија. Во агендата се опфатени средби со државниот врв и учество на бизнис-форум. Ова е прва посета по седум години кога Ципрас беше во Србија како лидер на Сириза.

Билатералните односи беа воспоставени пред 137 години, а Договорот за сојуз бил потпишан пред 150 години.

Во однос на соседните земји на Грција, Ципрас изјави дека има конкретни надворешно-политички позиции кои се насочени кон мир и соработка.