Лажна дојава за бомба во Собранието

31.01.2017 12:37

Пријавата е евидентирана во 23 и 03 часот. За настанот е известен Одделот за антитероризам на МВР и по извршените проверки од нивна страна на 45 минути по полноќ е констатирано дека се работи за лажна пријава.

Непознат граѓанин синоќа на телефонскиот број 192 пријавил дека „во Собранието на РМ ќе има бомба“, соопшти МВР.

Пријавата е евидентирана во 23 и 03 часот.  За настанот е известен Одделот за антитероризам на МВР и по извршените проверки од нивна страна на 45 минути по полноќ е констатирано дека се работи за лажна пријава.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.