Избрани десетте најдобри научници во 2013 година

06.02.2014 12:56

По втор пат Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” избра десет најдобри научници, кои во 2013-та година покажале врвни резултати во научно истражувачката дејност.

Наградените се научници од различни области, а на листата на најдобри годинава се најдоа и три научнички. За својата научно истражувачка дејност наградените добија по 50.000 денари. Ректорот на Универзитетот Велимир Стојковски истакна дека оваа награда е мотивација за сите научници  

Потенцираше дека со новите лаборатории и средствата кои ги издвојува Владата за иновациите им се даваат можност на сите истражувачи да дојдат до нови сознанија. Министерството за образование ќе одвои повеќе пари за развој на иновациите. Годинава ќе бидат издвоени 108 милиони денари, што е за 18 милиони повеќе од лани, изјави министерот за образование Спиро Ристовски на доделувањето на наградите.