Иванов на консултации со претседателот на Уставниот суд
Средбата доаѓа по вчерашната најава од Кабинетот на претседателот дека шефот на државата ќе ги почне консултациите со надлежни институции и политички партии, откако истече уставниот рок, а мандатарот Никола Груевски не успеа да формира парламентарно мнозинство и нова влада.

Претседателот Ѓорге Иванов ги почна консултациите со надлежните институции. Оствари средба со претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски.
Средбата доаѓа по вчерашната најава од Кабинетот на претседателот дека шефот на државата ќе ги почне консултациите со надлежни институции и политички партии, откако истече уставниот рок, а мандатарот Никола Груевски не успеа да формира парламентарно мнозинство и нова влада.
Иванов вчера имал средба со шеф на делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар. Било разговарано за актуелната политичка ситуација во земјата, при што амбасадорот Жбогар ги пренесол ставовите на Европската унија за политичката состојба во државава.
