Иванов: Ќе постапувам согласно Уставот и во интерес на државата и граѓаните на Република Македонија
Претседателот Иванов денеска го прими претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Никола Ивановски. На средбата, македонскиот претседател истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија...

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Никола Ивановски, соопшти Кабинетот на претседателот.
На средбата, македонскиот претседател истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија.
Претседателот Иванов подвлече дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и ќе постапува исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.
