Вториот предмет од екстерното за матурантите се полага в четврток
31.01.2017 13:12
Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7-ми февруари...

Распоредите на предметите што ќе ги полагаат матурантите за екстерното тестирање в четврток, се објавени на огласните табли во сите училишта. Се однесуваат на 18 илјади 600 матуранти.
Промената во датумот на одржувањето на тестирањата е поради одлуката за продолжување на зимскиот распуст. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7-ми февруари.
Екстерното тестирање се спроведува веќе 5 години и целиот процес тече непречено. Се проверува постигнатиот успех на учениците, со што дополнително се утврдува и објективноста во оценувањето на професорите.
