Третиот блок на РЕК Битола исклучен поради планиран зафат

31.01.2017 13:44

Исклучувањето на третиот блок е поради сигнализирано зголемено ниво на силикати во кондензациониот дел на котелот, а зафатот ќе трае меѓу 24 и 72 часа.

„Електрани на Македонија“ соопшти дека денеска претпладне, поради планиран зафат, е исклучен од енергетскиот систем третиот блок на термоцентралата во Битола, но сите потреби на тарифните потрошувачи се задоволуваат целосно со електрична енергија од домашните капацитети.

Исклучувањето на третиот блок е поради сигнализирано зголемено ниво на силикати во кондензациониот дел на котелот, а зафатот ќе трае меѓу 24 и 72 часа.

Од ЕЛЕМ појаснуваат дека поради подобрените временски услови и намалениот конзум одлучиле овој зафат да биде завршен денеска, при што сите потреби ќе бидат покриени со домашните електроцентрали, без дополнителен увоз на електрична енергија.