Британските пратеници расправаат за Брегзит

31.01.2017 13:57

Шкотската премиерка Никола Старџен и даде двомесечен ултиматум на британската колешка Тереза Меј да го договори излегувањето на Обединетото Кралство од европскиот блок и најави нов референдум за независноста на Шкотска.

Британските пратеници ја почнуваат дводневната дебата за предлог - законот кој овозможува започнување на формалниот процес за излез на Велика Британија од Европската унија.

Шкотската премиерка Никола Старџен и даде двомесечен ултиматум на британската колешка Тереза Меј да го договори излегувањето на Обединетото Кралство од европскиот блок и најави нов референдум за независноста на Шкотска. Старџен изрази незадоволство поради бавното одвивање на процедурата за Брегзит кој се случи пред повеќе од 6 месеци.

На контроверзниот референдум за независност во 2014 година, мнозинството граѓани гласаа Шкотска да остане во Обединетото Кралство. Но по изгласаниот Брегзит, Старџен смета дека тоа не е веќе земјата во којашто Шкотите претходно решиле да останат.