Уште еден мигрант почина во Грција

31.01.2017 14:25

Луѓето се уште преживуваат во шатори на ниски температури и снег, па властите се обидуваат да преземат мерки иако Министерството за миграција вети решение на проблемот.

Во бегалскиот камп Морија на Лезбос почина уште еден мигрант, што е трет смртен случај меѓу бегалците за една седмица.

Луѓето се уште преживуваат во шатори на ниски температури и снег, па властите се обидуваат да преземат мерки иако Министерството за миграција вети решение на проблемот.

Планот да бидат преместени во хотелите додека не се реновираат камповите не успеа зашто хотелиерите не се согласиле да ги прифатат.

Процесот е отежнат и поради намалениот број на вработени во УНХЦР на терен.