Ципрас во посета на Белград, регионалната соработка во фокус
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас во посета на Белград. На средбата со Вучиќ, разговарано за регионалната сорабока и за висок совет меѓу двете влади. За прашањето со името на нашата земја, рече оти тие покажале трпение, а другата страна- непријателство.

Грција со подршка на европскиот пат на Србија, на бриселкиот дијалог, но и за непризнавањето на независноста на Кососво. Премиерите на двете земји разговараа и за регионалната стабилност. На новинарско прашање за можноста Белград да посредува во грчко-македонскиот спор, српскиот премиер го даде следниот одговор:
„Јас не сум од тие кои што ќе решаваат било чии туѓи проблеми, особено што никој не не повикал. Мала држава сме за да ја преземеем улогата на некој кој ќе ги решава големите светски прашања“, изјави Вучиќ.
Доколку некој сака да помогне во решавањето на одредено прашање мора да постои еден предуслов- се надоврза Ципрас.
„За проблемот да се реши, треба двете страни тоа да го сакаат. Грција покажа голем степен на трпеливост, но соработката околу разликите не може да има ефект доколку некој инсистира на непријателски ставови. Тоа покажува еден националистички стремеж со кој Грција не се согласува“, изјаци Ципрас.
На грчко-српскиот дијалог најмногу внимание е посветено на економијата, особено за осовременувањето на железничката пруга Белград- Солун- Пиреј, а според грчкиот премиер значајно за регионалното поврзување е и проектот за изградба на каналот Дунав- Морава- Вардар- Солун, во рамките на кинескиот план Еден Појас- Еден Пат.
Премиерите и на Србија и на Грција најавија дека за овие два проекти, како и за егионалната безбедност ќе разговараа на Високиот совет на двете влади, напролет во Солун.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
