Младите бараат решение за проблемот со ниската вработеност
Преминот од образовните институции на пазарот на труд е главниот проблем со којшто се соочуваат младите. Кај оваа категорија е највисока стапката на невработеност, според податоците на Државниот завод за статистика изнесува 46,4 проценти. Потребни се практиканство, помош и воведување нови модели за намалување на овој проблем- советуваат младинските форуми.

Трансферот од образовен систем на пазарот на труд го уништува сонот на младите за квалитетно работно место и платен труд. Со мало искуство и недостаток на вештини, потребен им е долг период на адаптација. А, работодавачите сакаат готов кадар. Се вртиме во магичен круг- велат Националните младински форуми од европските земји. Бараат бизнисот да направи разлика меѓу вработување и квалитетна работна позиција.
„На работодавачите не им се допаѓа она што го гледаат кај младите кога првпат ќе ги вработат, сакаат веднаш готов кадар, а на младите пак од друга страна им е потребно искуство. Мора да се прави разлика помеѓу вработување и квалитетни работни места за кои се залагаат младите, а не само место колку да се работи нешто, затоа што на тој начин младиот човек нема да биде инспириран и нема да го искористи потенцијалот“, вели Дамјан Николовски, претседател на Националниот младински совет.
Невработеноста кај младитее речиси 40 насто, просечната стапка во сите земји од регионот е двојно поголема од општата стапка на невработеност во државите, велат младите со став- не постои личност или институција- единствен виновник, за добри понуди и квалитетни работници, да соработуваат бизнисот, образованието и институциите.
„Младите мислат дека веднаш по завршување на факултетот можат да се вработат, но, не е така. Тие мора секогаш да се дообучуваат за одредени работни места. Компаниите имаат потреба од нов млад свеж талент, но младите мораат постојано и додека се на факултет да се дообучуваат преку пракси, волонтирања“, посочува Александар Трпковски- „Гоу Грин Македонија“.
„Често нереални се очекувањата за тоа каква работа може да добијат, колку истата треба да биде платена. Неопходни се кариерни центри што ке даваат информации зошто нешто е добро, а зошто не, и да се следат економските текови. Не постои една личност или една институција кон кој може да се впери прсот дека е виновна за ситуацијата со невработеноста на младите, треба сите да седнат и да искреираат решенија младите да дојдат до квалитетни работни места“, вели Милица Шкировиќ, Младински совет- Србија.
Отворање зелени работни места, бизнис инкубатори, кариерни центри- младите бараат решение на проблемот со ниската вработеност.
„Секогаш може да научиме нешто од другиот. Во последните години видовме зголемена спака на невработенсот кај младите, но и зголемена стапка на нестабилно вработување, а повеќето млади луѓе се принудени да ги прифата понудите, како што се неплатени стажирања или ангажман на платформи. Важно е да се соработува, споделува, да бориме за да можете да добиете квалитетни понуди за работа на младите“- велат од Европскиот младински совет.
Со добро скроени јавни политики, новите членови на пазарот на труд ке бидат опремени со вештини, ке се подобри и пристапот до финансии и стручни обуки – оценија младинските форуми во дебатата за надминување на проблемот со невработеноста.
Сузана Фиданска Стоевска
