Советот на јавните обвинители ги бара списите за „Пуч“
Советот на јавни обвинители информираше дека постапува по поднесена претставка.

Советот на јавни обвинители ги бара списите од предметот „Пуч“, откако Специјалното јавно обвинителство се откажа од гонење на сите кои беа опфатени со обвинителниот акт. Советот на јавни обвинители информираше дека постапува по поднесена претставка.
Оттаму посочуваат дека со законот за СЈО е наведено дека Јавниот обвинител ќе биде професионално одговорен за стручните и законските дејствија при неговата работа пред Советот на јавните обвинители и додаваат поради разјаснување и согледување на преземените дејствија од јавниот обвинител, истиот е должен да ги достави бараните списи до Советот на јавните обвинители во најкраток можен рок- се вели во дописот од Советот.
