Обновени судирите во Украина, загинаа најмалку 8 војници
Властите на самопрогласената Доњецка Народна Република, соопштија дека во гранатирањето била направена значителна штета врз цивилната инфраструктура и дека неколку села и населби останале без електрична енергија. Меѓудругото била прекината и испораката на гас.

Најмалку 8 украински војници загинаа, а над 20 биле повредени во обновените судири во источниот дел на Украина. Властите на самопрогласената Доњецка Народна Република, соопштија дека во гранатирањето била направена значителна штета врз цивилната инфраструктура и дека неколку села и населби останале без електрична енергија. Меѓудругото била прекината и испораката на гас.
Советот за безбедност на ОН изрази загриженост од ескалацијата на состојбата во Украина и ги повика страните во конфликтот под итно да ги прекинат борбените дејствија.
Според податоците на он за човекови права, од почетокот на судирите во Украина во 2014 година загинале повеќе од 9.600 лица.
