Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина

01.02.2017 11:33

ЕУ, како посредник во дијалогот, очекува разговор за отворените прашања, примената на договореното, но и за тоа како понатаму со дијалогот за нормализација на односите.

Претседателите и премиерите на Србија и Косово по една недела, денеска повторно ќе се сретнат во Брисел на нова рунда од меѓусебниот дијалог.

ЕУ, како посредник во дијалогот, очекува разговор за отворените прашања, примената на договореното, но и за тоа како понатаму со дијалогот за нормализација на односите.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ, изрази надеж дека денешното продолжение на дијалогот ќе мине во знакот на „трезвени разговори“ и дека сите ќе разберат дека стабилизацијата на Западен Балкан е клучниот предуслов за напредокот.