Романија: Протести против измените во кривичниот законик
01.02.2017 11:43
Толпа луѓе почнале да се собираат пред зградата на владата пред полноќ, барајќи оставка на владата и предвремени избори.

Во Букурешт синоќа почнаа протести, откако романската влада на Сорин Гриндну одобри измени во кривичниот законик и декрет амнестија на некои категории затвореници.
Толпа луѓе почнале да се собираат пред зградата на владата пред полноќ, барајќи оставка на владата и предвремени избори.
Демонстрантите фрлаат снежни топки и ледените парчиња кон владата, а неколкумина се обиделе да го пробијат полицискиот кордон.
Романските медиуми јавија дека протести се одржувале во повеќе градови на земјата.
