Евзони ќе биде затворен најмалку до 18 часот
01.02.2017 12:12
Грчките фармери во текот на денот ќе одлучат каде и колку ќе блокираат автопати низ земјата и гранични премини.

Грчките земјоделци ќе го блокираат граничниот премин Евзони најмалку до 18 часот попладне. Ова го јавија повеќе грчки медиуми повикувајќи се на информации од организаторите на протестите на земјоделците.
Грчките фармери во текот на денот ќе одлучат каде и колку ќе блокираат автопати низ земјата и гранични премини. Сите одлуки ќе се донесуваат тековно и засега нема утврден распоред на блокади.
