Коцијанчич: Широка коалиција за справување со предизвиците

01.02.2017 12:35

Коцијанчич вели и дека Европската комисија ги поздравува тековните напори на претседателот Иванов да се сретне и да ги вклучи во процесот сите политички партии.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговори на повикот од ВМРО-ДПМНЕ да ги дообјасни позициите на неформалната европска влада.

„Ние мислевме на потребата да се има широк политички консензус и широка коалиција, со што земјата ќе може ефикасно да се справи со многуте предизвици кои и претстојат. Спроведувањето на итните реформски приоритети, договорот од Пржино и решавањето на билатералните прашања ќе бара силна посветеност од сите политички партии“- соопшти портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, по барањето од ВМРО-ДПМНЕ да ги дообјасни своите позиции.

Коцијанчич вели и дека Европската комисија ги поздравува тековните напори на претседателот Иванов да се сретне и да ги вклучи во процесот сите политички партии.

Сите главни партиите изјавија дека се за реформската агенда, за Европската унија и се согласуваат дека патот кон Унијата е стратешка цел на земјата, ако работат заедно, ќе имаат де факто уставно мнозинство што е важно за патот кон Европската унија- укажа Коцијанчич.