Иванов ги почна консултациите со политичките партии
Претседателот Иванов денеска со средба со претставници на „Беса“ ги почна поединечните средби со лидерите на политичките партии, на кои ќе се разговара за актуелната политичка состојба.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска со средба со претставници на „Беса“ ги почна поединечните средби со лидерите на политичките партии, на кои ќе се разговара за актуелната политичка состојба.
Како што соопшти Кабинетот на Иванов, во 13:00 часот треба да почне средба со претставници на „Алијанса за Албанците“, во 14:30 часот со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во 16:00 часот со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, а во 17:30 часот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, беа поканети и претставници на ДПА.
Консултациите со политичките партии кои се застапени во Собранието на Република Македонија, се на иницијатива на претседателот Иванов.
Шефот на државата вчера оствари средба со претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски, а во понеделникот со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.
