Основен суд Скопје 1: Постапуваме согласно законските процедури и Судскиот деловник

01.02.2017 12:55

Предметите во кривичните совети се доделуваат на ист начин како и во останатите оддели и се запазува принципот на подеднаква распределба на предметите кај сите судии кои одлучуваат самостојно, стои во реакцијата од Кривичниот суд.

Постапувањето според законските процедури и Судскиот деловник од страна на судиите во Кривичниот суд во никој случај не претставува „отежнување“ на нечија работа, особено ако другата страна очигледно, намерно или случајно, излегува од воспоставната процедура по која и претходно се постапувало- реакција од Кривичен на вчерашното соопштение на Специјалното јавно обвинителство, во кое се наведуваше дека е отежната соработката со скопска единица.

И покрај воспоставените процедури, јавната обвинителка Лиле Стефанова не ги испочитувала процедурите и се упатила директно кај дежурниот судија на претходна постапка со 4 барања, кои биле примени во 16 часот и 5 минути, без притоа обвинителот да ги поднесе преку приемното одделение кај овластениот службеник. Ова е спротивно на деловникот за работа и укажувањето на претседател на судот за негово почитување, стои во дописот од Кривичен.