Познати добитниците на годишните награди на ДПМ
01.02.2017 13:10
Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга е доделена на стихозбирата „Песна на ридот“ од Гордана Михаилова- Бошнакоска. Добитник на „Стале Попов“ е романот „Доилката“ од Лидија Пандева.

Познати се добитниците на наградите за најдобри книжевни дела од минатата година. Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга е доделена на стихозбирата „Песна на ридот“ од Гордана Михаилова- Бошнакоска. Добитник на „Стале Попов“ е романот „Доилката“ од Лидија Пандева.
Наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критика ја доби Кристина Николовска за книгата „Светлинска“. „И по сто пати“од Александар Поповски е прогласена за најдобра книга за деца и млади.
