Косовските безбедносни сили на „Криволак“

06.02.2014 13:28

Одличната меѓусебна соработка на полето на одбраната и безбедноста која се потврдува преку многубројните заеднички активности, како и отвореноста на двете земји за нејзино продолжување и унапредување беа темите на кои денеска во Министерството за одбрана разговараа министерот Талат Џафери, и заменик-министерот за косовските безбедносни сили, Јасмина Васиќ.

Соговорниците изразија задоволство за можностите за користење на капацитетите на армискиот полигон „Криволак“, како и за останатите капацитети кои се дел од Министерството за одбрана на Република Македонија – Регионалниот центар за односи со јавноста, кој е и НАТО-центар за земјите од Партнерството за мир и, како и Воено-медицинскиот центар.

Во рамки на работната посета на Република Македонија, заменик-министерот за Косовските безбедносни сили, Јасмина Васиќ, ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ каде во моментов се школуваат шест припадници на косовските безбедносни сили.