„Меѓаши“: На СОС телефонот побарана помаш за 111 деца

01.02.2017 13:13

Семејните односи мора поквалитено да се регулираат за да се избегне нарушувањето на детските права. Предизвик на денешницата е семејното насилство. Децата се жртви на психичко и физичко малтретирање, велат од невладината „Меѓаши“.

Бракоразводната постапка- причина за прекршување на детските права. На СОС линијата на „Меѓаши“ имало 33 случаи како потенцијални жртви од овој проблем. Оттаму апелираат за поквалитетно регулирање на семејните односи и поддршка од надлежните иунституции.

Како втор проблем се посочува семејното насилство. 21 потенцијална жртва побарала помош од детската амбасада. Децата биле жртви на психичко и физичко насилство, на негрижа и занемарување од нивните родители. Биле изложени на омаловажување, тепање, навреди како мерка за дисциплинирање и воспитување, што негативно влијае на нивниот психо-физички развој. Лани од „Меѓаши“ регистрирале и 6 деца што биле сексуално злоставувани.

Пријавени биле 11 деца и млади за питање. Овие деца најчесто се исклучени од образовниот процес. За случаите „Меѓаши“ ги информирале надлежните институции.

Во 2016-та, во детската амбасада „Меѓаши“ се обратиле за помош 5 деца и 77 возрасни. Кај 111 деца постои сомневање за прекршување на некое нивно право. Јавувањата биле претежно на СОС телефонот и преку електронска пошта.

 

Наташа Гркова- Петрушевска