Птичји грип: Состојбата во Струшко под контрола
01.02.2017 13:16
Според најавите за уништената живина, државата треба да исплати соодветен надомест, по што во селото ќе биде извршена дезинфекција.

Операцијата на стручните тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство за угинување на живината во струшкото село Мороишта продолжува. Се спречува ширењето на вирусот на птичјиот грип.
Според најавите за уништената живина, државата треба да исплати соодветен надомест, по што во селото ќе биде извршена дезинфекција.
Вирусот не е опасен по здравјето на луѓето, велат во Агенцијата. Се земаат и мостри и од соседните села за да се утврди можно ширење на болеста.
