Метео: Постепен раст на температурите

01.02.2017 14:10

Попладне во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со појава на утринска магла по одделни котлини.

Попладне во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд и слаб снег на повисоките планини, а температурите ќе бидат повисоки.

Гледајте МЕТЕО со  Наташа Алексоска