Берлин: Уапсени тројца членови на Исламската држава

01.02.2017 14:45

Полицијата потврди дека против уапсените биле поднесени обвиненија за подготовка на „сериозни акти на насилна субверзија“...

Германската полиција уапсила тројца мажи осомничени дека одржувале блиски врски со терористичката организација Исламска држава. Исто така тие планирале и да патуваат на Блискиот исток за да поминат воена обука.

Полицијата потврди дека против уапсените биле поднесени обвиненија за подготовка на „сериозни акти на насилна субверзија“, но дека властите немаат индиции дека тие подготувувале терористички напади во Германија.