Михаилова Бошнакоска, Пандева, Николовска и Поповски добитници на годишните награди на ДПМ
Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) денеска ги соопшти добитниците на наградите за најдобри книжевни остварувања во 2016 година. Наградите на авторите ќе им бидат свечено доделени на 16 февруари, денот кога се одбележува формирањето на ДПМ.

Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга и е доделена на Гордана Михаилова Бошнакоска за стихозбирката „Песна На Ридот“, наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга ја доби Лилјана Пандева за романот „Доилката“.
Наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга од областа на литературната критика и есејот ја доби Кристина Николовска за „Светлинска“, додека наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади му припадна на Александар Поповски за стихозбирката „И по сто пати“.
Наградите на авторите ќе им бидат свечено доделени на 16-ти февруари, денот кога се одбележува формирањето на Друштвото на писателите на Македонија.
Ана Јосифоска- Тодоровска
