Тридневната блокада на Евзони создаде проблеми за патниците и транспортерите
Грчките земјоделци соопштија дека и денеска ја продолжуваат блокадата на граничниот премин Евзони на грчко- македонската граница до 18 часот по локално време. Има долги колони камиони поради блокадата, но според претставниците на демонстрантите се пропуштаат возила кои носат расиплива стока. Земјоделците од регионот на Лариса бараат даночни олеснувања поради тешката материјална состојба во Грција.

Тридневната блокада досега создаде огромни проблеми за патниците и товарниот превоз кон и од Грција. Освен граничниот премин, грчките земјоделци го блокираат и патот кон солунскиот аеродром, а голем протест е најавен за во сабота, за кога се очекува отворањето на саемот за земјоделство во Солун.
Оваа втора серија на протести на земјоделците против владините мерки, беше најавена некаде во декември минатата година. Земјоделците велат дека тие и сега, исто како и во рамките на минатогодишните протести, остануваат со истите барања за стабилност и безбедност во секторот и против даночните реформи во негови рамки.
Веќе трет ден трае блокадата на грчките земјоделци кои што со повеќе од 200 трактори го блокираат грко- македонскиот граничен премин. Според најавите, блокадата се очекува времено да заврши денеска околу 17 часот, по што одборите на земјоделците ќе се договараат за следните чекори.
Во меѓувреме, најавија дека ќе биде дозволено пропуштање на дел од возилата, во прв ред камиони натоварени со храна и брзо расипливи производи.
Марија Котовска, постојан дописник од Атина за МРТ
