ВМРО-ДПМНЕ: Во Уставот не постои член за нов лидер
Коцијанчич нема одговор на нашето прашање врз основа на кој дел од Уставот Европската унија го советува претседателот Иванов да определи нов лидер на кој ќе му го додели мандатот, бидејќи таков дел во Уставот нема, велат во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролката на Европската комисија, Коцијанчич нема одговор на нашето прашање врз основа на кој дел од Уставот Европската унија го советува претседателот Иванов да определи нов лидер на кој ќе му го додели мандатот, бидејќи таков дел во Уставот нема, велат во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Зборувајќи за двотретинско мнозинство, во партијата велат дека македонската влада го имаше само во период од 2011-та до 2014-та, додека од 2002-та тоа не постоеше.
Преговорите со ЕУ не се почнати единствено поради билатералниот спор и блокадата од Грција. За да се надмине разликата за името секој предлог ќе биде ставен на референдум, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа партија се заблагодарува и на одговорот на Американската амбасада, очигледно нема официјален став на новата администрација во Вашингтон дека не треба да има нови избори.
