Јован Илиевски- нов судија на Европскиот суд за човекови права

01.02.2017 15:26

Тој денеска положи заклетва во судот каде што ќе ја претставува Република Македонија, но каде што сепак судиите не донесуваат одлуки според националната припадност.

Јован Илиевски е новиот судија на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Тој денеска положи заклетва во судот каде што ќе ја претставува Република Македонија, но каде што сепак судиите не донесуваат одлуки според националната припадност.

Тој беше избран на есенската сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа во октомври 2016-та година и неговиот мандат трае девет години.