Натпреварите на Зомимак М на МТВ !
Mакедонската Телевизија ги обезбеди ексклузивните права за директни преноси од натпреварите на Зомимак М, во групната фаза на ракометниот ЕХФ Куп, а од коишто ќе постои ТВ-сигнал.
Во групата во која се и дански Скјерн и португалски Спортинг, уште на стартот струмичкиот тим го очекува најтешкото искушение. Ќе му гостува на Монпелје, 14-кратниот првак на Франција, пребогат со ѕвезди од златниот состав на „триколорите“ од последното Европско Првенство во Данска. Најновата европска авантура, Зомимак М ја почнува против екипата чијшто дрес го носат Омејер, Гигу и Акамбре.

Директниот пренос од првиот натпревар во групата Монпелје-Зомимак М е в недела од 17.00 часот на Собранискиот Сервис.