Уставниот суд укина одредба од Законот за административни службеници

01.02.2017 15:38

Подносители на иницијативата се Стамен Филипов и Народниот правобранител...

Уставниот суд укина одредба од Законот за административни службеници што се однесуваше на различната возраст на која мажите и жените при одење во пензија.

„Предвидувањето со оспорената одредба на административните службеници да им престане работниот однос на различна возраст, во зависност од полот, значи нееднаков однос кон граѓаните по основ на пол, секогаш кога условите за престанок на работниот однос по сила на закон и утврдени со посебен закон се различни за мажите и жените, како што е овој случај“- објасни Уставниот суд.

Подносители на иницијативата се Стамен Филипов и Народниот правобранител на земјава.