Откупот на тутун речиси завршен, просечната цена 195 денари

01.02.2017 16:47

Исплатата е реализирана со 88 отсто или досега се исплатени три 3,441 милијарда денари.

Откупот на тутунот е речиси завршен откако заклучно со вчера, 31 јануари, деветте откупувачи преземаа вкупно 20.146 тони тутун. Просечната цена е 195,25 денари по килограм. Исплатата е реализирана со 88 отсто или досега се исплатени три  3,441 милијарда денари.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека откупени се 100-тина тони повеќе од првичните проценки за реколтата 2016, според кои се очекуваше да бидат откупени околу 20.000 тони тутун.

Краен рок за откуп на тутунот е 15 март 2017 година.