Магла на дел од патиштата, Евзони затворен за сообраќај

02.02.2017 08:17

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека граничниот премин Евзони и денеска ќе биде затворен за сообраќајот во двата правца поради штрајкот на грчките земјоделци.

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, а магла од 50 до 100 метри има на патот Скопје – Тетово и Тетово – Гостивар и од 100 до 150 метри на патните правци околу Битола и Прилеп.

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека граничниот премин Евзони и денеска ќе биде затворен за сообраќајот во двата правца поради штрајкот на грчките земјоделци. 

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Маглата во Скопската котлина засега не влијае на одвивањето на авиосообраќајот. Според веб страницата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.