Пријавување на ново производство на тутун
Од први февруари почнува пријавувањето на новото производство на тутун. Секој земјоделец кој има намера годинава да ја одгледува оваа култура, мора да има евидентен лист кој ќе се користи за склучување на договор со монополите за откупот на тутунот.

Пред да склучат договори за откуп, тутунарите мораат да го пријават новото производство за оваа година најдоцна до 31-ви март. Пријавувањето се врши во Министерството за земјоделство, односно подрачните единици каде што е местото на живеење на производителот независно од местото на површините со тутун.
Земјоделците треба да добијат евидентен лист за производство со сите катастарски парцели на кои ќе садат тутун, според типови и количества и кои ќе се внесуваат во регистерот на земјоделските стопанства.
Досега од ланската реколта се откупени повеќе од 18 илјади тони тутун, со просечна цена од 194 денари за килограм. Според законот превзењето на тутунот мора да заврши најдоцна до 15-ти март, иако годинава ќе заврши еден месец порано.
Методија Трајков
