Јолевски на средби со сенаторите Мекејн и Круз
Сенаторот од Аризона и голем поддржувач на Македонија, Џон МекКејн, изразил особен интерес за напредокот во решавањето на спорот со името со јужниот сосед, истакнувајќи го попречувањето на Македонија за членство во НАТО.

На одвоените средби со американските сенатори Џон МекКејн и Тед Круз, министерот за одбрана Зоран Јолевски разговарал за мигрантската криза, опасноста од современиот тероризам и другите неконвенционални закани.
Сенаторот од Аризона и голем поддржувач на Македонија, Џон МекКејн, изразил особен интерес за напредокот во решавањето на спорот со името со јужниот сосед, истакнувајќи го попречувањето на Македонија за членство во НАТО.
Сенаторот МекКејн се осврнал и на потребата буџетот за одбрана на земјите членки и аспиранти да достигне 2 проценти од бруто- домашниот производ. Јолевски добил уверување дека ќе продолжи поддршката од САД во евроатлантските аспирации, соопштуваат од одбраната.
