ВМРО-ДПМНЕ: Судиите да не подлегнуваат на притисоците на СЈО

02.02.2017 10:53

СЈО според ВМРО-ДПМНЕ се заортачи со Заев и работи по негов диктат, притиска судии да ги вршат валканите нарачки на СДСМ, а без да ги види доказите, на слобода пушта криминалци како Верушевски кои ѝ нанеле огромна штета на Македонија и македонските граѓани.

Специјалното јавно обвинителство врши недолични и неосновани напади и протисоци врз судот за да го компензирале немањето професионален капацитет и интегритет, порачувајќи им на судиите да не подлегнуваат на притисоците, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Катица Јанева и СЈО цело време работат како приврзоци на Заев и СДСМ во заштита на нивниот криминал, стои во дописот. СЈО според ВМРО-ДПМНЕ се заортачи со Заев и работи по негов диктат, притиска судии да ги вршат валканите нарачки на СДСМ, а без да ги види доказите, на слобода пушта криминалци како Верушевски кои ѝ нанеле огромна штета на Македонија и македонските граѓани.

Со повлекувањето на предметот „Пуч“ и аболицијата на Заев, Катица Јанева ја поништи и основната причина за постоењето на СЈО, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.