Матурантите го полагаат вториот предмет од екстерното тестирање

02.02.2017 11:28

Распоредите на предметите што ги полагаат, пред три дена беа објавени на огласните табли во сите училишта. Се однесуваат на 18.600 матуранти.

Матурантите денеска го полагаат вториот предмет од екстерното тестирање. Распоредите на предметите што ги полагаат, пред три дена беа објавени на огласните табли во сите училишта. Се однесуваат на 18.600 матуранти.

Промената во датумот на одржувањето на тестирањата беше поради одлуката за продолжување на зимскиот распуст. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7-ми февруари.